Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од граничен премин Белановце синоќа во 21 часот привеле 44 - годишен жител на с.Черкези, кумановско, кога се обидеувал на див премин да прошеврцува производи без документација.
„Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки. При преглед во возилото била пронајдени производи без потребната документација. Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.