Приведен крадец од Куманово
28.03.2023 12:06
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 14.45 часот лишиле од слобода 56-годишен кумановец.

Тој се сомничи дека на 22.02.2023 во деловен објект на улицата „Биљановска“ Куманово влегол и одзел повеќе предмети. Бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.