Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец бил приведен од полицијата заради сомнение за кражба на приватен имот од кој одзел повеќе предмети.
Вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(26) од Куманово, кој се сомничи дека на 26.12.2022 година одзел повеќе предмети, во вредност од околу 280.000 денари, од приватен имот на улицата „Перо Чичо“ .
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Р.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.