Приведен кумановец, фатен на дело додека краде
22.06.2023 13:20
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 15 часот лишиле од слобода 27-годишен кумановец.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од објект на улицата „Србо Томовиќ“. Приведен е во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.