Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека назавчера извршил тешка кражба. Со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата Св.„Кузман и Дамјан” во атарот на с.Говрлево, општина Сопиште и одзел пари.
Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото. Вчера врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје му одредил мерка притвор.