Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесет и осумгодишен кумановец вчера нападнал три малолетнички и ги допирал по телотот, по што бил приведен во полицијата.
„Во 19.15 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 38-кумановец, затоа што во текот на денот во централното градско подрачје на Куманово допирал по телото три малолетнички од Куманово“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Неофицијално, лицето имало здравствени проблеми и во текот на денот се движело низ центарот на градот и ги напаѓало девојчињата, превртувало канти за отпадоци и се однесувало агресивно.