Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 41-годишен кумановец. Тој се сомничи дека истиот ден одзел предмети од бензинска пумпа на улица „Железничка станица“ Куманово.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.