Приведен разбојник, ограбил вработена во спортска обложувалница во Куманово
22.12.2022 09:59
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска привеле 38-годишен кумановец, откако ограбил вработена во спортска обложувалница.

Тој се сомничи дека синоќа во 22.35 часот со закана кон вработениот од спортска обложувалница на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ одзел пари.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.