Уапсен штипјанец во Куманово, украл пари и предмети од седум деловни објекти
14.03.2023 13:43
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип.

„Тој се сомничи дека на 12.03.2023 влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети. С.М. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“,соопштува МВР.