×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведена лекарка во Куманово поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

    22.09.2021 17:53 | Сузана Николиќ

    Полициски службеници од СВР Куманово - Отсек за економски криминал, по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С., и обезбедена судска наредба,  утринава во 7 часот извршиле претрес во работни простории на Очното одделение при ЈЗУ Општа болница - Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата. 

    Приведена лекарка во Куманово поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

    При претресот на одделението од медицинската сестра одземени се 18000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на  лекарката Е.С.  одземени се околу 98000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово.

    „Имено, Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по чл.353 и примала поткуп од пациенти, казниво по чл.357 од КЗ на РСМ така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница- Куманово и за интервенциите противправно земала по 12000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација. Но, партиципација не им била наплаќана, со што се оштетува буџетот на РСМ, туку парите пациентите ги давале лично на пријавената, непосредно пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга“, соопшти МВР.