Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15.30 часот ја лишиле од слобода Д.А.(34) од Република Србија, затоа што . се сомничи дека во текот на денот извршила кражба во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.