×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени две лица за обид за поткуп и поседување дрога

    25.02.2023 17:27 | Оливера Пешевска

    На граничниот премин Белановце, на македонско-косовската граница,  при влез во државата полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Ј.(65 ) возач и Е.Р.(38) совозач, двајцата од Албанија, кои биле со патничко моторно возило „пежо“ со албански национални ознаки.

    Приведени две лица за обид за поткуп и поседување дрога

    „При вршење на пасошка контрола,Е.Р. дошол до кабината каде на полициски службеник му дал патни исправи и зелен картон. При проверка на документите, полицискиот службеник забележал дека во зелениот картон била ставена банкнота од 10 евра, по што Е.Р. рекол дека тие се за него за да го пушти, бидејќи бил истечен рокот на зелениот картон.  Е.Р. веднаш бил лишен од слобода. При извршен преглед на возилото била пронајдена марихуана и дробилица“, соопштуваат од СВР Куманово.

     Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.358 и чл.215 од Казнениот закон на Македонија Е.Р. И Г.Ј. се лишени од слобода.

    Известен бил Јавен обвинител и тие биле предадени на полициски службеници на СВР Куманово за понатамошна постапка.Против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.