14. 02. 2020 13:00

Приведени кумановци поради кражби во куќи и станови

Приведени кумановци поради кражби во куќи и станови

Електрични апарати за домаќинство и машки и женски обувки, пронајдени се при претрес на домовите на двајца кумановци.

Во текот на изминатата недела СВР Куманово преземаше мерки и реализираше повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови.

На 12.02.2020, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на Р.М.(47) од Куманово, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки. Истиот ден бил извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16- годишникот, во присуство на неговата мајка. По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk