Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И.Н. (30), С.Т. (19) и Х.Р. (20), сите од Скопје, навивачи на МЗТ од Скопје синоќа се приведени во кумановската полиција и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради тоа што фрлале метални шипки и шишиња кон полицајци.
Инцидентот се случил во 19.50 часот, во Куманово кај бензинската пумпа „Роси Петрол“ додека се движела колона од три автобуси навивачи на КК „МЗТ“-Скопје. Еден од автобусите застанал, а поголема група навивачи излегле и изреволтирани бидејќи не им било дозволено да влезат и да го следат кошаркарскиот натпревар во спортската сала, почнале непристојно се однесуваат. Откако било интервенирано од страна на полицијата, тие почнале да фрлаат шишиња и метални шипки кон полицајците.
Навивачите продолжиле да дивејат и во Скопје.