Приведено лице по распишана потерница за доиздржување казна затвор
09.04.2021 09:33
| KumanovoNews
Од страна на полициски службеници од СВР Kуманово, синоќа во 21.30 часот лишен е од слобода Ф.Р.(22) од Куманово.

Тој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна во времетраење од 1 година и 3 месеца, за сторено кривично дело по чл.236 од Кривичниот законик.
Ф.Р. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.