Привршува рокот за отпис на камати во УЈП
19.12.2013 13:53
| KumanovoNews
До крајот на месецов истекува рокот за поднесување на барања за отпис на камати за задолжително социјално осигурување за период од јануари 2009 до декември 2012 година.

Од УЈП апелираат граѓаните да не чекаат до последен ден, туку да аплицираат навреме. Каматите ќе бидат 100 отсто отпишани ако исплатата се изврши во рок од 6 месеци од поднесување на барањето, а ако се плати во рок од 12 месеци ќе бидат отпишани 75 отсто од каматите. Ако обврските се подмират за 18 месеци ќе бидат отпишани 50 отсто од каматите.