Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лицемерно е што за проблеми во образованието прашањето го поставува токму онаа партија која додека беше централна власт во Куманово не вложи ниту еден денар во образованиотпроцес. Да не заборавиме дека во нивно време наставникот беше деградиран и понижен, а на товар на учениците беше небулозното екстерно тестирање, одговорија од кумановскиот СДСМ на прозивките што ги произнесе ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешната прес конференција.
„Проблемите што произлегуваат од образовниот процес не се решаваат со прес конференции, туку со работа,одговорност и посветеност, а раководните структури поставени од коалицијата ВМРО ДПМНЕ и Наше Куманово треба да се фатат за работа и да придонесат за подобрување на образованието во училиштата,сметаат кумановските социјалдемократи.
Според нив, образованието денеска и во време на режимот не се споредува. Денес , велат, се вложува во опрема, во нови технолошки помагала, целосно се реновираат училиштата со пари од Владата, а особено во Куманово .
„Платите на наставниците се зголемени,учениците се ослободени од екстерното тестирање, со цел цел враќање на достоинството на наставникот кој треба и мора да има пристоен живот, а на учениците да им се пружи образование на нивото на европските држави “ изјави на денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ Куманово, Александар Митрички.
Од патијата велат дека со СДСМ како предводник на Владата условите во образовниот процес ќе го достигнат нивото кое на нашите граѓани ќе им овозможи квалитетно образование и можност за надоградување и напредок во личниот развој.