×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проблемот со дуќаните во Занаетчискиот дом го кочи отворањето на сувенирница во Куманово

    28.06.2023 10:21 | Сузана Николиќ

    Занаетчиите од Куманово со години наназад бараат oпштината да им помогне да обезбедат деловен простор за отварање занаетчиски дуќан, во кој ќе се продаваат нивните производи и ракотворби. Тоа би било сувенирница, којашто ќе ја посетуваат домашните и странски туристи, но и граѓаните кога сакаат да однесат рачно изработен автентичен подарок од градот.

    Проблемот со дуќаните во Занаетчискиот дом го кочи отворањето на сувенирница во Куманово

    Ова прашање повторно се актуелеизираше на Саемот на занаетчиски производи, кој се одржа во Центарот за култура, во организација на Регионалната занаетчиска комора, Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија и Општина Куманово.
     
     Општината планира сувенирница да се отвори во просториите на Занаетчискиот дом, во центарот на градот, но никако да  го релизира ветеното .

    „Што се однесува до просторот за сувенирница Општина Куманово сè уште води постапка за ослободување на постоечките локали од фирмите кои со години ги користат, а дел од нив во моментот се урузпирани. Кога ќе бидат ослободени тие деловни простори со одлука на Советот една од тие простории ќе биде наменета за сувернирница, која ќе биде финансирана од страна на Општината, а Здружението на занаетчии и Регионалната занаетчиска комора ќе има свој простор кадешто ќе може да ги истакне сите свои ракотворби. Граѓаните и од нашиот град и од другите градови кои не посетуваат ќе можат да си купат одредени сувенири, ракотворби кои се ценети во овој момент“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски. 

    Општина Куманово веќе четврта година води судска постапка за враќање во владеење на дуќаните коишто се во состав на Занаетчискиот дом. 

    Во сувенирницата е планирано да има производи од сите занаети-кујунџии, грнчари, опинчари, ракотворби од вез и накит. 

    Куманово има преку 30 стари занаети и уникатни ракотворби и предмети од рачна изработка кои се автентични за неговото подрачје. Отварањето на сувенирницата би придонела и за промоција на туристичкиот потенцијал на градот.