×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продадени над 2.000 карти во еден ден за Денови на комедија во Куманово

    23.09.2023 13:34 | Оливера Пешевска

    Над 2.000 билети за сите претстави се продадени вчера на првиот ден за фестивалот Денови на комедија во Куманово.  Интересот на публиката е голем, па продажбата ќе продолжи и денеска од 12 до 18 часот на благајната на Центарот за култура.

    Продадени над 2.000 карти во еден ден за Денови на комедија во Куманово

    Деновите на комедија и оваа година ги мобилизираа кумановци да чекаат ред за купување на карти, со што уште еднаш се потврди дека е најпопуларна манифестација во градот.

    Иако со преполовен буџет во однос на минатата година, со скромни 850.000 денари кои ги обезбеди државата и општината , раководството на фестивалот се потруди и овојпат да го задржи квалитетот и да не ја разочара публиката.

     „Изведовме мало чудо, да се донесат 10 квалитетни претстави со ваков буџет не беше баш лесно. Имаме исклучително квалитетна програма. Успеавме во тоа, а длабоко верувам и дека сограѓаните ќе уживаат во се она што ќе понуди фестивалот годинава“, вели директорот Сашо Тодоровски.

    Иако неколку години наназад се најавува он-лајн продажба не е воведена, поради високите банкарски провизии кои значително би ја покачила цената на билетот. Организаторите останаа на воспоставениот принцип на работа во последните неколку години, да не се даваат гратис карти, да не се примаат резервации и продажбата да се врши по принципот прв дојден прв услужен. Од минатата годинава е ограничен бројот на 2 карти, значи секој  може да купи само билет за себе и еден придружник.

    Кумановци стрпливо чекаа и немаа никаква забелешка, ниту покажаа револт на долгото чекање.

    „Билетарницата се отвори точно на време, во 12 часот и цело време работи, редот се движи. Досега чекам околу 35 минути, но веројатно во наредните 20 ќе стигнам на ред. Сепак се почитува редот, наликуваме на метропола што ретко се случува кај нас. И тоа ми е многу драго“, изјави младиот Марко.

    На репертоар се наоѓаат 11 претстави, 10 гостувања на театри од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија и премиера на најновата претстава на Театар Куманово. При крај се картите само претстава од Лесковац, која е на програмата на 4 октомври. За останатите се уште има билети кои ќе се продаваат и во наредните денови.

    Покрај  „Синиот портокал“ на Театар Велес со кој ќе бидат отворен МТФ Денови на комедија 2023, следуваат претставите  „Ле кретен“ од Штип, „Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска, „Илуминати“ на Театар Комедија од Скопје,  „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија, „Граѓанинот благородник“ на тетовскиот театар, „Седумтте стола“на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Традиционално, фестивалот се затвора со премиера на претстава на Театар Куманово, на 14 октомври,а тоа ова година е преставата „Љубовна терапија“ која ја подготовува локалниот ансамбл.

    Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедијата се одржува по 26-ти пат, а третта година по ред има и натпреварувачки карактер.

    Оваа година Министерството за култура обезбеди  600 илјади денари, а Општина Куманово 250 илјади денари. Тоа се значително помали средства од минатата година, кога од државата имаше 1 милион, а од локално 400 илјади денари.

    Советот на фестивалот упатува голема благодарност до фирмите од Куманово, кои самоиницијативно се јавиле деновиве за да со спонзорство помогнат во организација на фестивалот.