Продолжен е рокот за исплата на финансиската поддршка од 6.000 денари

13.01.2021 - 15:27

Владата го продолжи рокот за искористување на средствата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход.

Продолжен е рокот за исплата на финансиската поддршка од 6.000 денари

Пензионерите, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници ќе можат да ги искористат средствата до 31 март 2021 година.

Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ја искористат оваа  финансиска поддршка како една од ковид-19 мерките за ублажување на последиците од пандемијата.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk