×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжи реконструкцијата на Театар Куманово, оваа фаза опфаќа градежни и занаетчиски работи

    29.07.2024 13:40 | Оливера Пешевска

    Започна реализацијата на четвртата фаза за реконструкција на Театар Куманово која предвидува завршување на градежни и занаетчиски работи во внатрешноста на зградата. 

    Продолжи реконструкцијата на Театар Куманово, оваа фаза опфаќа градежни и занаетчиски работи

    За ова година од програмата на Министерството за култура за ова намена беа предвидени 10 милиони денари, но се вложуваат 7,2 милиони.

    Во економскиот дел од театарот, ќе се поставува внатрешна, пластична столарија, ќе се малтерисува, глетува и ќе се поставуваат керамички плочки и санитарија во тоалетите.

    „Бидејќи за наредната година се планирани повеќе средства, тогаш, ќе се реконструира кровот во салата и сценската кула. Со цел да се искористи внатрешното, градежно скеле, непосредно по замена на кровната конструкција ќе се спроведуваат и инсталации од фазите: електротехника и термотехника во таванскиот, поткровен простор“, објаснува директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски.

    Досега со поставување на рампите крај влезот и излезот на театарот е овозможена достапност на претставите и за ранливите категории. Во високиот простор е создадено уште едно ниво и направени се одделни гримиорни, за женски и машки со тоалети,а во сутеренот се оформени остави и простории за техничкиот персонал со тоалети. Изградена е и засебна сала за читачки проби и чајна кујна.

    „Со поставување на жардениерите во иднина, во источниот дел, ќе се овозможи облагородување со зеленило и цветни садници на просторот околу театарот. Со тоа на посетителите, вработените во театарот и на учениците од околните училишта ќе им се овозможи пријатна, природно оформена средина која во одредена мера ќе ја намали огромната бетонска и асфалтирана површина која се наоѓа околу овие општествени објекти. Со проектот се подобруваат условите за излез на сцена и се овозможува ансамблот достоинствено да се подготви за актерската игра. Со сите интервенции досега, како и во иднина, ќе се обидеме културата и уметноста да ги подигнеме на повисоко ниво, а на актерите да им ја зголемиме вредноста и достоинството кое треба да го имаат и ги заслужуваат“, истакна Тодоровски.

    Работите од ова четврта фаза би требало да завршат во наредните 3-4 месеци, до ноември 2024 година.

    За идната година одобрени се 60 милиони денари, за кровната конструкција и системите за греење и ладење (термотехника), а за последната фаза во 2026 година 83,7 милиони денари за сценски технологии со кои ќе се добие модерна и акустично опремена сала по сите светски стандарди.

    Реконструкцијата на Театар Куманово ја спроведува Министерството за култура на Македонија.

    Реконструкцијата на зградата на Театар Куманово започна во август 2021 и требаше да заврши за три години, или до средината на оваа година, доколку се одвојуваа доволно средства и се почитуваа роковите. Во последните три години двата ансамбла на македонски и албански јазик се сместени во просториите на Центарот за култура, во кој нема централно греење, поради што нема ни услови за редовен репертоар.