×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува ископувањето на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, кој датира од 4-3 век пр.н.е.

    03.07.2020 08:06 | KumanovoNews

     Кумановскиот музеј започна со ископување на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, кој датира од 4-3 век пр.н.е., а археолозите пред неколку години открија остатоци од голем, масивен ѕид.

    Продолжува ископувањето на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, кој датира од 4-3 век пр.н.е.

    Како што информира археологот Дејан Ѓорѓиевски, ископувањата се насочени околу овој ѕид, за кој се' уште не е дознаена првобитната функција, каде што постојат доградувани и преградувани простории, некои од нив и всечени во карпата.

    Материјалот кој е пронајден од локалитетот датира во периодот на 4-3 век пр.н.е. Станува збор најчесто за локално работена керамика која ги имитира формите од егејскиот југ, но и за помала количина на импортирана керамика од тој регион.

    “Формите на накит пронајдени досега претставуваат исто така импорти, со познат изглед типичен за медитеранскиот регион во тој период. Преку него индиректно се согледуваат и религиските верувања на народот кој живеел на локалитетот, а кои скоро во целост биле изградени според грчкиот пантеон, се разбира, со додадени локални карактеристики”, објаснува Ѓорѓиевски.

    Воедно тој додава дека локалитетот е особено интересен за проучување, токму поради високиот цивилизациски развој на локалното население, посведочен преку многу архитектонски елементи за кои што паралели се наоѓаат во пајонските и македонските престолнини.

    Ископувањата се дел од годишната програма на НУ Музеј Куманово, финансирана од Министерството за култура.

    (Ф.Марковска)