×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува поставувањето на полуподземните контејнери во центарот на Куманово

    20.05.2021 09:26 | KumanovoNews

    Четири полуподеземни контејнери за смет се поставуваат на две места пред т.н. Скопски дуќани на ул. „Иво Лола Рибар“. Соа тоа продолжува замената на постоечките контејнери во централното градско подрачје.

    Продолжува поставувањето на полуподземните контејнери во центарот на Куманово

     Директорката на ЈП „Чистота и зеленило“, Цветанка Ивановска, вели дека ефикасноста на собирањето на смет е многу поголема на местата каде што има вакви контејнери.

    „Праксата покажа дека овие контејнери се многу ефикасни, затоа што еден контејнер има капацитет од 5 кубни метри отпад и практично е замена за 6 обични контејнери. Поради тоа што собираат поголема количина, собирањето го вршиме на два дена. Не се шири  непријатна миризба, ниту пак, може да се буричка по нив од страна на дивите собирачи на пластика. Поставувањето на овие контејнери ќе продолжи на уште три локации“, вели Ивановска, која потсетува дека вакви контејнери се поставени зад зградата на „Комитет“.

    Таа алепира до граѓаните во контејнерите да не фрлаат кабаст отпад, ниту кутии полни со смет затоа што имаат проблеми при нивното празнење.

    Ивановска најави за наредната недела акција за собирање на кабаст отпад.

    (С.Н.)