×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува протестот во Љубодраг, сточарите бараат средба со надлежните

    21.10.2022 16:21 | Сузана Николиќ

    Сточарите од селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село, денеска од 10 до 12 часот повторно го блокираа стариот пат Куманово - Скопје, барајќи да се сретнат со надлежните за да им објаснат зошто сакаат да ги уништат свињите кои не се позитивни на африканска чума.

    Продолжува протестот во Љубодраг, сточарите бараат средба со надлежните

    „И покрај нашите апели никој од надлежните не не` удостои со своето присусутво. Ние не бараме кој знaе што само сакаме некој да дојде од Агенцијата за храна и ветеринарство и Министертсвото за земјоделство, и да ни кажат што да правиме. Остануваме на ставот дека не можат да ги уништата здравите свињи, бидејќи со тоа се уништува домашното производство на месо, на сметка на увозното“, вели Бобан Лазиќ, претседател на месната заедница.

    Тој најави дека протестот ќе продолжи и утре, и наредните денови се до исполнување на нивните барања. 

    Протестот започна завчера, во знак на револт што од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавиле дека ќе ги уништуваат свињите што ги одгледуваат и покрај тоа што не се заразени од африканска чума. Тие обвинуваат дека целата постапка е многу нелогична, се соочиле со бројни проблеми и затоа бараат одлуката да се повлече.