×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува штрајкот во ФЗЦ

    23.12.2014 11:44 | KumanovoNews

    Вработените во Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„- Куманово (ФЗЦ) и денеска не се вратија на работните места.

    Продолжува штрајкот во ФЗЦ

    Тие остануваат на барањата да им се исплатат две плати од заостанатите седум за да го прекинат штрајкот. Менаџерскиот тим не пројавил интерес за разговори со нив за исполнување на барањата.

    Штрајкот ќе продолжи додека не се најде решение. Бидејќи поголем дел од луѓето се на принуден одмор и за да не остануваат по цел ден, се договоривме сите да собираме од 10 до 12 часот, а пред тоа и потоа ќе штрајкуваат само оние што се на работа. Производството е прекинато 100 % и ништо не работи во фабриката, - изјави претседателот на фабричкиот синдикат Методија Сеизовски.

    Вработените во ФЗЦ стапија во штрај од вчера, а причина е неисплатените плати и придонеси за изминатите 7 месеци.