×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проектот за паметно наводнување на цвеќињата освои петто место на натпревар за кодирање на микробит уреди

    27.12.2019 10:34 | KumanovoNews

     Деветодделенците од Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, Лина Рангелова и Теодор Сeрафимовски, со нивниот иновативен проект за паметно наводнување на цвеќињата со помош на технологијата, насловен како „Happy flower“ (Паметно цвеќе), го освоија петото место на третиот по ред натпревар за кодирање, кој оваа година се одржа во просториите на Центарот за технолошки развој и иновации во кампусот на техничките факултети во Скопје.

    Проектот за паметно наводнување на цвеќињата освои петто место на натпревар за кодирање на микробит уреди

    Овој натпревар беше организиран во рамките на програмата „Училишта на 21-от век“ која што ја спроведува Британскиот Совет во соработка со Министерството за образование, а која ја финансира владата на Велика Британија.

    Училиштата во првата фаза од проектот аплицирале со своите проекти електронски, а потоа стручното жири ги избрало најдобрите 17 проекти кои влегле во финалето, вклучувајќи го и проектот „Happy flower“.

    Учениците се задоволни од успехот на нивниот проект, а од натпреварот се здобиле со нови искуства коишто ќе ги применат во своето работење на наредните проекти. Тие се надеваат дека наредната година ќе постигнат и повисоки резултати на натпреварите.

    Идејата за проект „Happy flower“ настанала откако учениците на нивниот професор по информатика и воедно ментор на прокетот Бобан Поповски, му дале мала забелешка дека цвеќињата кои дотогаш ги одгледувал во училницата почнале да овенуваат.

    „Секој цвет претставува дете на природата земја на која му треба грижа и нега. Ова е пример како ние грижата и негата ја овозможуваме со помош на технологијата. Секој од нас во нашите домови одгледува цвеќе или растение, а доколку не го наводниме тоа ќе овене. Проблемот е детектиран и ние го најдовме решението за да не венат цвеќињата, а тоа, во овој случај, е микробитот, “- вели Лина Рангелова, учесничка во проектот.

    Заедно со Теодор Сeрафимовски, кој исто така е дел од проектот велат дека, за реализација на овој иновативен проект доаѓале и пред и после часовите, но дека тоа за нив не претставувало никаква потешкотија, затоа што уживале во текот на трите месеци додека го подготвувале истиот.

    „Сакам да го објаснам начинот на функционирање на овој проект, затоа што тоа е она кое е најважното. Прво, микробитот ја има главната улога, каде има два пина кои се поврзуваат со струја и на тие пинови има ставено кабелчиња кои се поврзани со сензорот за влага. Сензорот праќа сигнал до микробит и микробит му дава сигнал преку сензорот за влага да ја вклучи пумпата за вода. Кога е доволно наводнето цвеќето сензорот за влажноста го детектира тоа и пишува среќно цвеќе. Доколку јас го извадам сензорот и пак го ставам во почвата, ако е таа влажна тој ќе го детектира тоа и нема да дојде до пумпање на водата, а кога ќе биде сува земјата на растението тој ја детектира состојбата на сува почва и почнува да го наводнува растението со помош на пумпа за вода. Исто така во водата додаваме и хранлив нитрат, за зајакнување на листовите “,- ни објасни ученикот Теодор Серафимовски.

    Професорт Бобан Поповски вели дека вакви проекти се особено важни за развојот на децата затоа што преку освен што практично ги совладуваат вештините во технологијата, тие се вклучуваат и во општествено-корисна работа.

    „Поентата на проектот како што кажува и самиот наслов е цвеќето да биде среќно и да ги замените обврските на домашните за наводнување на истото. Со ова може да се направи дури цела градина, така што може, на пример, да се приклучи и на хидрофорот. Освен што со ова сакам децата да ја научат технологијата која им е неопходна, сепак суштината е и да учестуваат во општествено-корисни работи. На проектот работевме околу три месеци, со што голем дел беше потрошен и во чекањето да ни пристигнат деловите кои ги порачавме од интернетот, затоа што во Македонија за жал нема такви делови со кои можеш да направиш вакви иновации. Наредната година планираме да аплицираме со покомплексен, поинтересен и уникатен проект и да го освоиме првото место, бидејќи нашето мото не е само да се учестува туку и да се победи“,-додава професорот Поповски.

    Тој исто така вели дека овој проект е само прототип на она кое што следува, и дека веќе со заменикот директор на училиштето Југослав Спасиќ, разговарале наредната година напролет да направат систем на истиот принцип кој ќе ги наводнува сите растенија и дрвја во дворот на училиштето и на тој начин преку раззеленување да придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот.