×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проектот „Запознај ја Европа преку игри за млади“, нов предизвик за СОУ „Перо Наков“

    12.04.2021 07:23 | KumanovoNews

    Стручното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово е едно до деветте училишта во Европа, кое учествува во реализација на проектот „Запознај ја Европа преку игри за млади“, која ја спроведува организацијата EURO-NET од Италија. Проектот се имплементира и во училишта во: Турција, Грција, Ирска, Шпанија, Италија, Романија и Португалија.

    Проектот „Запознај ја Европа преку игри за млади“, нов предизвик за СОУ „Перо Наков“

    Самиот проект е концепиран да одговори првенствено на потребите на учениците, меѓутоа и на наставниот кадар и преку него ќе бидат обезбедени иновативни, модерни и дигитални алатки за потребите од истражувањето. Основната цел на проектот е да се овозможи комуникација со Европската Унија и нејзините институции во форма којашто во исто време е едноставна, модерна, иновативна, непосредна и свесна.

    „Проектот има за цел да развие 7 интелектуални трудови, кои што ќе бидат насочени кон поддршката на наставниците, зајакнување на профилот на наставникот, развивање иновативни практики во дигиталната ера, нови технологии и дигитални вештини. Проектот е насочен кон унапредување на квалитетот на работата на наставникот, со што ќе им обезбеди на наставниците корисни алатки кои ќе можат да бидат користени во текот на образовниот процес. Целта на проектот е да ги поттикне учениците да веруваат повеќе во ЕУ институциите преку поголемо учество во активизмот, мотивирајќи ги да го искусат чувството дека се европски граѓани“, вели Ивана Близнаковска, професорка во „Перо Наков“.

    Идејата за создавање на проектот „Learn Europe is a game for young people“, односно „Запознај ја Европа преку игри за млади“, потекнува од Италија, поточно од координаторот на проектот, организацијата EURO-NET од Италија. Оваа организација преку истражување и анализа на неколку различни училишта, констатирала дека е голема потребата за зголемување на нивото на доверба кон Европската Унија. Според организацијата, европските мобилности не се доволни за запознавање на Европската Унија и нејзините должности. Исто така, според анализата е констатирано дека недостасуваат наставни алатки во текот на образовниот процес кои ќе им помогнат на наставниците, како и на учениците, да ги прошират своите знаења за Европската Унија и да осознаат какви видови институции и организации постојат.

    „Чувството на задоволство ни е потребно, а истото се постигнува преку создавање на иновативни и привлечни наставни алатки за училиштата, со што им се овозможува на наставниците ефективно да работат со учениците на развојот на Европското граѓанство и граѓанско образование во заеднициата. Наставниците немаат ваков тип алатки на располагање, а токму тие алатки се сметаат за неопходни во модерната методологија на учење. Предвидените производи одат во насока на идентификуваните приоритети, тие ќе ја поддржат работата на едукаторите, а воедно ќе бидат модерни и интересни“, додава Близнаковска.

    Учениците од партнерските училиштата ќе извршат тестирање на создадените игри, а наставниот кадар детално ќе се запознае со овој образовен пакет.

    Проектот „Learn EU“ започна со реализација во септември 2020 година и предвидено е да трае 32 месеци, односно до април 2023 година. Меѓутоа, со оглед на новонастанатата ситуација со пандемијата, многу предвидени активности мораа да бидат одложени или оддржани виртуелно.

    Проектот се реализира преку поддршка од Европската Унија преку програмата Еразмус плус, клучна акција 2 за стратешко партнерство во полето на образованието, како и од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Италија.