×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар за 2020 година

    23.12.2020 13:26 | KumanovoNews

    Општина Куманово денес ги додели признанијата на најдобар полицаец и пожарникар за 2020 година.

    Прогласени најдобриот полицаец и пожарникар за 2020 година

    За најдобар полицаец е прогласен Бујар Османи, вработен во Полициската станица за безбедност на патишта и сообраќај при СВР Куманово, а за најдобар пожарникар  Далибор Колевски, кој веќе седум години работи во Територијалната противпожарна единица во Куманово. Признанијата им ги врачи градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој им посака во иднина поуспешна работа.

    „Честитки и од мене, и секако ви посакувам многу понатамошни успеси. Плодна соработка со општината, бидејќи сите ние сме во функција на нашите граѓани и првенствено професионални обврски коишто ги извршуваме имаат единствена цел да им ја олеснат работата и животот на нашите граѓани. Да поставиме заеднички цели коишто во иднина ќе можеме заедно да ги постигнеме во делот на уште попрофесионален однос и доусовршување на сите наши капацитети“, додаде Димитриевски.

    Полицаецот Османи, вели дека и понатаму ќе продолжи успешно да ги извршува своите задачи, а се надева дека ова признание ќе биде поттик и за неговите колеги.

    „Голема чест и задоволство ми претставува да ја примам оваа награда. Воедно и понатаму ќе се трудам поуспешно да ги извршувам своите работни задачи, навистина сум горд што можам да допринесам за безбедноста на патниот сообраќај. Ова признание сакам да биде поттик за останатите колеги, секогаш со максимална посветеност да одговораме на одредени задачи“, додаде Османи.

    Колевски потенцираше дека ова признание го сфаќа како награда за целиот тим.

    „Ова награда за мене значи голем поттик за поуспешна работа. Нашата служба секогаш се бори да биде чекор понапред со добри успеси. Благодарност и до Општината и до моите претпоставени, сите колеги, оваа награда е за целиот тим, јас не ја сфаќам само индивидуално. Што помалку работа во 2020, повеќе здравје“, изјави Колевски.  

    Градоначалникот на најуспешните претставници на службите кои се грижат за безбедноста на граѓаните им врачи рачни часовници.

    (Ф.Марковска)