×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени првенците на генерацијата во основните и средни училишта во Куманово и Старо Нагоричане

    26.06.2023 20:03 | Сузана Николиќ

    Здружението на просветни работници заедно со секторите за образование на општините Куманово и Старо Нагоричане денеска ги прогласија најдобрите ученици на генерацијата 2022/23 во основните и средни училишта во двете соседни општини.  Како награда за постигнатите резултати учениците добија признанија, плакета и ваучер од приватна фирма.

    Прогласени првенците на генерацијата во основните и средни училишта во Куманово и Старо Нагоричане

    За најдобри ученици од средните училиште во Куманово се прогласени: Mила Павловска од Гимназија „Гоце Делчев“, Oрион Латифи од Гимназија „Сами Фрашери“, Joвана Илиевска и Џанета Ќерими од „Перо Наков“,  Теодора Вељановска и Арбер Алили од „Наце Буѓони“.

    Признанија за првенци на генерацијата во основните училишта во Куманово добија: Анди Љатифи – „Бајрам Шабани“, Анастасија Ангеловска и  Аљмедин Бајрами –  „Браќа Рибар“, Муса Сулејмани и Милица Малиновска – „Битолски Конгрес“, Анѓел Николовски –  „Вера Которка“, Теодора Колевска –  „Вук Караџиќ“, Наиле Мустафи –  „Јероним де Рада“, Анѓела Цветковиќ – ОУ „Карпош“, Ангела Атанасовска и Мелек Миртезани – „Кирил и Методиј“, Илина Арсовска – „Кочо Рацин“, Симеон Апостоловски – „Крсте Мисирков“, Дарија Трендафиловска – „Магдалена Антова“, Дритан Исмаили – ООУ „Наим Фрашери“, Ангела Мартиновиќ –  „11 Октомври“, Анастасија Левковска – „Христијан Карпош“, Душан Петровиќ  и Деа Бислими – „Толи Зордумис“, Матео Митевски, Јосип Милковски и Меланија Цветковска – „Браќа Миладиновци“

     Најдобри ученици во општина Старо Нагоричане се: Никола Божиновиќ од ОУ „Светозар Марковиќ“, Тамара Даиловска од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце и Давор Пешевски од ОУ „Христијан Карпош“ во село Младо Нагоричане.

    Градоначалникот Максим Димитриевски им посака успех во понатамошното образование и во животот на сите ученици.

    „Вештините со кои секојдневно се стекнувате се нешто што за вас и сега и во иднина ќе значи најголемото оружје за освојување на нови полиња, стекнување на нови знаења, а токму знаењето е сила и тоа дава дополнителна самодоверба да се движите низ патот којшто ве очекува понатаму. Јас тука гледам идни советници, градоначалници, градоначалнички, општествени работници без кои нашето општество и нашата држава не може да продолжи да функционира и да создава нови резултати во успесите. Вие сте токму таа генерација на млади луѓе коишто треба да ја наследи оваа држава и да ја турка во нејзиниот прогрес понатаму“, кажа Димитриевски.

    Првенците ги поздрави и претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и  претставничка од Здружението на просветни работници.