Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Следната недела ќе бидат прогласени учениците на генерација од училиштата од општините Куманово и Старо Нагоричане.
Прогласувањето ќе се одржи во просториите на општина Куманово, а признанијата на најдобрите ученици ќе ги врачи градоначалникот Зоран Дамјановски. Од Регионалното здружение на просветни работници Куманово, објаснуваат дека заради безбедностa во градот прославата за Св.Кирил и Методи ќе помине поскромно, и без избор на најдобри просветни работници.
“На сите просветни работници им го честитаме 24 мај-Денот на сесловенските просветители или Денот на просветните работници. Им посакуваме успех на сите полиња, посебно на полето на работата. Со своите знаења да им отворат нови хоризонти на учениците, да ги насочат кон правилен избор во животот, за да можат да се носат со предизвиците кои ги очекуваат“ - вели Лидија Николовска Георгиевска, претседател на Регионално здружение на просветни работници Куманово.
Наградени ќе бидат учениците на генерациja од сите основи и средни училишта во двете општини.