Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за кулура „Трајко Прокопиев“ во Куманово во петок, утре во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Авантурите на космонаутко“ на авторот Денис Јанкуловски од Скопје.
Книгата е вистинска и реална приказни, своевиден дневник за ковид-19 пандемијата во земјава.
Ова е прво прозно дело на Денис Јанкуловски, кој како медицинско лице од блиску се запозна со Ковид вирусот. Тој е познат како хуманитарец, за што има добиено неколку награди и признанија - наградата “Европеец на годината” за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија во Македонија, наградата “Филантроп на годината” за 2021 година, доделена од Хорус Македонија, прогласен е за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 добитник е и на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права.
„Авантурите на Космонаутко“ е издадена со подршка на Министерството за култура.