Мени

Во Крива Паланка промоција на книгата „Убавината на болката“ од Никола Митовски

27.05.2026 08:30 | KumanovoNews

Во кино салата на Национална установа Центар за култура Крива Паланка, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката  „Убавината на болката“ од младиот автор Никола Митовски од Крива Паланка.

Во Крива Паланка промоција на книгата „Убавината на болката“ од Никола Митовски

„Убавината на болката“ е дело кое искрено и длабоко ги обработува темите на љубовта, болката и внатрешните тишини, преточени во поетски израз. Книгата носи порака дека секоја болка може да се претвори во уметност, а секоја темнина – во светлина.

Промоторка на книгата ќе биде кривопаланечката поетеса Емилија Колевска, а ќе се обрати и рецензентот, кумановскиот поет Ален Милковски. Стихови од книгата ќе читаат Ангела Илиевска, Сандра Колевска и Ива Додевска.

Првата промоција на делото се одржа во Скопје, во рамки на овогодишниот Саем на книга во арената Спортски центар Борис Трајковски.
Митовски, роден во Скопје во 2007 година, а израснат во Крива Паланка, со оваа книга го продолжува својот препознатлив стил, градејќи силен емоционален наратив.

Неговото прво дело „Ехо на љубовта“ беше објавено во 2025 година, а зад себе веќе има бројни награди и признанија на локално, регионално и меѓународно ниво. Активен е во културниот и младинскиот живот, како член на Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка и литературниот клуб „Калин“.