×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на локалните бизниси приоритет за кумановци

    29.09.2014 13:53 | KumanovoNews

    Промоцијата на локалните бизниси и организирање на бизнис средби се приоритети на граѓаните, во анкетата на апликацијата “Моја општина“ .

    Промоција на локалните бизниси приоритет за кумановци

     Дури 317 граѓани гласале да добиваат повеќе информации за кредитни линии, гарантни фондови, информации од берзи, формирање на канцеларија за поддршка за формирање на сопствени претпријатија, бизнис средби и размена на искуства. За поддршка за проекти за запознавање на граѓаните со процедурата за легализација гласале 294 граѓани. За воспоставување на двонасочна комуникација помеѓу невработените и потенцијалните работодавачи гласале 292 граѓани.

    Меѓу приоритетите кои имаат помал број на гласови се практикантство за млади во соработка со локални фирми, дијзајнирани наставни програми за млади и возрасни неопходни за пазарот на трудот, поддршка на ученици од социјално загрозени и дисфункционални семејства, општинско - корисна работа за помош и поддршка на старите лица, здравствена едукација за маргинализираните групи, информативна алатка за запознавање на граѓаните со активностите на општината, лоцирање и расчистување на диви депонии.

    Граѓаните при посета на општината или на интернет на www.moja-opstina.mk  можат да гласаат за трите најважни приоритети. Проектот “Моја општина“ го реализира општината со УНДП и Швајцарската влада.