Промоција на зборникот на трудови „Антево дело“ во Куманово
19.06.2023 10:10
| Сузана Николиќ
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на Зборник на трудови „Антево дело“.

Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.
Промотор ќе биде проф. д-р. Кристина Николовска, која ќе одржи и беседа за великанот Анте Поповски.
Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видео материјали со кус рецитал на Анте Поповски и снимки од негови песни во интерпретација на артистите Софија Гогова Врчаковска и Игор Џамбазов.