Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Друштвото на писатели Куманово, синоќа го промовираше третиот по ред алманах “Поетски чекорења“.
Збирката содржи песни од повеќе кумановски автори и гости.
Секој поет има по девет песни и по една страница биографија. Има препев на влашки, албански, ромски и српски. Тоа се автори кои имаат збирки поезија и во други жанрови творат. Имаме гости од Бугарија, Елена Алекова, многу е позната во Софија, пишува литература од повеќе жанрови. Има родољубива поезија, хаику поезија - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Свои песни пред публиката прочитаа Дарка Ѓорѓиевска, Аго Хаурдиќ, Верица Петровска, Душка Гиевска, Катерина Димитриевска-Арсеновска, Светлана Цветковска, Виктор Јефтимов, Силвана Бојовска- Шиповиќ, Јаготка Томовска и други автори.
Овој алманах е мултиетнички, а писателите веќе го подготвуваат четвртиот број на алманахот кој ќе излезе догодина.