×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран документарен филм за Бислимска клисура

    09.09.2015 12:23 | KumanovoNews

    Здруженијата “Гласот на селото“, “Бујрум“ и Мрежата за рурален развој денеска промовираа документарен филм за убавините на Блислимската клисура.

    Промовиран документарен филм за Бислимска клисура

    Во филмот се презентирани можностите и убавините кои оваа клисура лоцирана на 5 км од Куманово ги нуди. Бислимска клисура има потенцијали за планинарење, риболов, кајакарење, возење велосипед и слично. До Бислим може да се дојде преку Орашачки или попознат како Искрин мост или откај селото Пчиња.

    Овој регион како што видовме и од самиот видео материјал кој што е високо професионално изработен, е крај кој што е релатино непознат во Македонија. Можеби не во Куманово, меѓутоа за сите кои доаѓаат од другите краеви е непознат. Ова е извонредна можност на еден ваков начин овој крај да се промовира за понатамошен развој,  за овој тип на туризам и секако за потенцијалните инвеститори што можат да најдат интерес во развој на Бислимска клисура“-изјави Петар Ѓорѓиевски, претседател на Мрежата за рурален развој.

    Клисурата најверојатно името го добила од средновековно село, кое се раселило за време на турското владеење во Македонија. На промоцијата беше упатен апел до локалните и владините институции да помогнат за туристички развој и промоција на Бислимска клисура.

    Се работи за еден проект кој има за цел да ги привлече инвеститорите во овој регион помеѓу Пчиња и Орашац, односно на територија каде се протега Бислимска клисура во должина од 7 км. Се работи за еден потенцијал за кој по направена студија од североисточниот плански регион, се даваат параметри дека е место кое ќе придонесе за економски развој во руралните средини - вели Елизабета Цветковска од “Гласот на селото“.

    Овој проект е поддржан од Усаид, а претходно општина Куманово со помош на ЕЛС и АФПЗРР постави десет информативни табли во Бислим.