×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран филм за жената и традицијата

    17.11.2011 16:58 | KumanovoNews

    Денеска беше промовиран проектот „Традиција, пречка за остварување на правата на младите жени„ што го реализираа невладините организации Коло на српските сестри, Мајка, Кумановка и Сирма.

    Промовиран филм за жената и традицијата

    Проектот има за цел да изврши влијание врз јавноста за искоренување на притисокот од традицијата и културата врз жени.

    Проектот траеше 6 месеци и е подржан од  Амбасадата на Кралството Норвешка. Во состав на Проектот е изработен филм, каде учествуваат шест жени од шест различни етнички заедници од Куманово. Тие ги изнесуваат своите искуства,погледи и ставови, во областа на образованието, бракот и наследството, и како тие и нивната етничка заедница се справува со традицијата- вели Живка Христовска, претседателка невладината Коло на српските сестри, која е носител на проектот.

    Заклучокот од неколку месечниот проект во кој учествуваа жена Македонка, Србинка, Влаинка, Албанка и Ромка, е дека  културите во нашиот град се испреплетуваат, но сепак сеуште не е доволно развиена свеста да се прифатат различностите, кога се работи  за мешаните бракови од различна вероисповест и наследството.