Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом, синоќа премиерно беше прикажан документарниот филм „Пиротско маало низ времето“, од авторката Љиљана Тричковиќ, реализиран со поддршка на Општина Куманово.
Овој документарен филм сведочи за тоа како изгледало и како се живеело во оваа Пиротско маало. Сите коишто живееле таму и се уште живеат ќе се потсетат на едно дамнешно време, време поразлично од денешното коешто се уште живее во нивните срца.
„Искрена да бидам, инспирација за овој документарен филм добив од филмот што беше снимен за нашата ракометарка Јасмина Голубовиќ и добив идеја и јас да направам филм за моето т.е. нашето Пиротско маало во коешто сум живеела и во коешто се омажив. Пораката што сакам да ја испратам е љубовта, но овојпат љубовта кон роднините, соседите, пријателите. Кога би можеле да се вратиме во времето кога јас бев дете, девојка, млада жена и кога живеев во Пиротско маало. Е тоа беше живеење. Впрочем и луѓето што се дел од филмот ги ракажуваат своите искрени мисли, искрени чувства. Ккако беше во тоа време, како тогаш се почитуваше и сакаше. Немавме многу а знаевме на тоа малку многу да му се радуваме. Знаевме да го негуваме другарството, пријателството. Навистина, љубовта царуваше во тоа време, а среќата беше неизоставна и тие двете љубовта и среќата одеа заедно, рака под рака“, раскажува Тричковиќ, која е уредник на документарниот филм.
Пред многубројната публика се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски, заблагодарувајќи се за прекрасната иницијатива да се направи овој документарен филм за Пиротско маало во којшто и тој самиот таму израснал.
Овој филм ќе остане како дел од богатата ризница на случувањата во Куманово, животот во оваа Пиротско маало овековечена преку раскажувањата на неговите жители.
Промотор на документарецот беше Христина Алексовска, директорка на ЈОУ Библиотеката „Тане Георгиевски“-Куманово, а помошник уредник Марјан Стошевски.