×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран „Музејски водич за деца“ по повод Меѓународниот ден на музеите

    18.05.2021 15:47 | KumanovoNews

    Со промоција на „Музејски водич за деца“ во Музеј Куманово,  денеска беше одбележан 18 Мај - Меѓународен ден на музеите.

    Промовиран „Музејски водич за деца“ по повод Меѓународниот ден на музеите

    Водичот содржи 50-тина страници,  со  текст и фотографии кои ја објаснуваат постојаната музејска поставка, наменет за деца од училишна возраст. Го изработи Мери Николиќ, историчар на уметност, а покрај на македонскиот преведен е и на албански јазик.

     На промоцијата на водичот присуствуваа ученици од неколку основни училишта, кои се запознаа со движното и недвижносто културно наследство на Куманово.

    Настанот беше одржан во лапидариумот на музејот согласно сите здравствени протоколи пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

    По повод Денот на музеите, интернационалната организација ИКОМ додели признанија за 2019 и 2020 година на Гоце Ј. Божурски и Славица Крстиќ за работник на годината, и историчарот Марија Живачки за проектот „Куќа-музеј на Христијан Тодоровски - Карпош“ кој е прогласен за музеј на годината.