×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана книгата “И строфите растат“

    20.05.2014 11:33 | KumanovoNews

    Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска беше промовирана книгата за деца  “И строфите растат“ од Александар Кујунџиски.

    Промовирана книгата “И строфите растат“

    Оваа книга лани ја доби книжевната награда “Ванчо Николески“ која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.

    По многу години промовирам своја книга во Куманово. Ова е мојата јубилејна 110 книга во која од песни со една строфа стигнувам до песни со 15 строфи. Тоа е една интересна концепција, верувам дека и содржински ќе биде привлечна за децата од 2 до 7 одделение - рече Кујунџиски.

    Во книгата тој пишува за детството, растителниот и животинскиот свет, за темите кои децата ги засегаат.

    Практикува стил кој лесно е разбирлив за децата без некој посебен „напластен багаж„ што не е за таа возраст. Зборови кои се речити и практично го прошируваат речникот на децата како читатели. Неговото творештво ја држи таа фреквенција на интересот на децата како читатели - кажа промоторот Мито Спасевски.

    На промоцијата присуствуваа ученици од основното училиште “Христијан Карпош“ кои се претставија со свои творби.

    Александар Кујунџиски е роден е во Пехчево, на 1 октомври 1946 година. Основното училиште го завршил во 1961 година, а потоа се запишал во гимназијата „Ацо Русковски“, во Берово, каде завршил две години. Во 1963 година, неговото семејство се преселило во Куманово и тој го продолжил школувањето во гимназијата „Гоце Делчев“, а потоа студирал во Скопје.