×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана книгата „Патот до мојата душа“ од Христина Алексовска

    27.09.2023 15:37 | Оливера Пешевска

    Во салата на Занаетчиски дом Куманово синоќа се одржа промоција на стихозбирката „Патот до мојата душа“, книга - првенец на Христина Алексовска, директорка на библиотеката „Тане Георгиевски“.

    Промовирана книгата „Патот до мојата душа“ од Христина Алексовска

    Во книгата се собрани седумдесетина песни, а авторката на неа работела околу две години.

     „Морав да го запишам она што го носев во душата, мислите кои се роеја во главата, па затоа веројатно книгата и песните се многу емотивни. Целокупниот изглед на книгата го дотерував сама, уредував како ќе изгледаат страниците, маргините, на каква хартија сакам да е испечатена книгата, сликата на корицата. Конечно излезе се онака како јас посакував и имав замислено. Иако ми одзеде многу време, ми причинуваше огромно задоволство во секој сегмент од работата“, истакна Алексовска, која се уште ги сумира впечатоците од промоцијата.

    Рецезент на книгата е младата поетеса Ана Љубиќ, а промотор Сузана Божиновска.

    „Само вистинскиот поет може да ни го покаже патот до душата, до неговата, до мојата, до нашата...Ретко кој знае сам да се охрабри и да направи чекор напред, а авторката вешто знае сите мотиви да ни ги приближи, да не спои и да го опее и најмалото и најболното делче од овој живот“, стои во освртот на книгата на Ана Љубиќ.

    Книгата е издадена со самофинасирање, со сопствени финансиски средства на авторката,во тираж од 300 книги.