×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана новелата „Што ми остана од тебе“ на Ана Љубиќ

    07.06.2023 13:02 | Оливера Пешевска

    Краткиот роман „Што ми остана од тебе“ на Ана Љубиќ од Куманово синоќа беше промовирана во Занаетчискиот дом во Куманово. 

    Промовирана новелата „Што ми остана од тебе“ на Ана Љубиќ

    Промотoр на книгата беше Христина Алексовска, директорка на Градската библиотека, која потенцираше дека книгата е приказна за вербата, надежта и љубовта кои треба да се пронајдат.

    „Ова е еден краток роман или новела, насловен „Што ми остана од тебе“ каде има повеќе теми и мотиви: љубов, копнеж, надеж.Сите нешта кои се всушност дел од нашиот реален живот. Ова е еден чекор плус за мене и во иднина ќе ме очекуваат поголеми предизвици и се надевам, уште поголеми успеси“, изјави Ана Љубиќ.

    Љубиќ не е дебитант на книжевната сцена, но за прв пат објавува прозно дело по книгата со поезија „Ловец на соништа“, која е издадена пред 5 години.

    „Кога сум пак пред мојата публика можам да видам дека моите дела живеат, траат и дека во нив се пронаоѓаат сите генерации. Се надевам дека во наредните 5 години, и воопшто во иднината ќе излезе уште нешто посилно, поинакво и исто ќе остави траг кај читателите“, истакна авторката Љубиќ.

    Ана Љубиќ има 23 години и е студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за македонска книжевност и култура.