×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана публикацијата “Соживот на дистанца“

    26.05.2014 12:51 | KumanovoNews

     Публикацијата “Соживот на дистанца„ во која се анализираат меѓуетничките односи во Куманово, денеска беше промовирана.

    Промовирана публикацијата “Соживот на дистанца“

    Автор на студијата е д-р. Марјан Младеновски, а коавтор м-р. Шпетим Љатифи. Истражувањето е направено со 300 ученици и 50 професори од различни националности во средните училишта во градот. Заклучокот е дека стереотипи сеуште постојат за другите етнички заедници, а комуникацијата меѓу младите Македонци и Албанци е на ниско ниво.

     Резултатите кои ги добивме генерално ги очекувавме, но имаше и некои изненадувања кои фрлија некое ново светло на перспективите на мултикултурното живеење во Општина Куманово. Генерално утврдивме како што покажува и насловот дека соживот има, но на меѓуетничка дистанца особено ако се земе македонската етничка заедница од една страна вклучително и помалите етнички заедници и албанската етничка заедница од друга страна. Тоа не делува многу поволно на иден мултикултурен соживот, живот, толеранција, интеграција во нашата средина - изјави Младеновски, универзитетски професор и автор на студијата.

    Од невладината организација “Флоренс Најтингел“ кои се носители на проектот велат дека последниве години јазот меѓу младите се продлабочува бидејќи учат во различни училишта и многу ретко комуницираат.

    - Ако ги анализираме состојбите, младите во Куманово имаат тенденција како растат да ја зголемуваат социјалната дистанца. Во повеќе од 30 отсто од случаите учениците изјавија дека се случува во училиште да слушаат негативни, навредливи коментари и говор на омраза од страна на професорите - вели Љатифи, коавтор во истражувањето.

    Од невладината сметаат дека во голема мера меѓуетничкото раздвојување е поттикнато од возрасните.