×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана стихозбирката „Танц на дотраениот мост“ од Љиљана Тричковиќ

    17.01.2023 14:11 | KumanovoNews

    Во Занаетчискиот дом во Куманово синоќа се одржа промоција на стихозбирката „Танц на дотраениот мост“ од нашата сограѓанка Љиљана Тричковиќ.

    Промовирана стихозбирката „Танц на дотраениот мост“ од Љиљана Тричковиќ

    Промотор на книгата беше Христина Алексовска, директорка на библиотеката „Тане Георгиевски“, а во уметничкиот дел настапи Катерина Мицанова – Николовска и пијанистот Јован Цветковиќ.

    „Стихозбирката „Танц на дотраениот мост“ е составена од четири дела. Првиот дел е Сонетен венец, кој завршува со магистрал за православната конструкција за верата, надежда и љубовта. Можам слободно да кажам дека љубовта е главната инспирација во моето пишување, заедно со природата, бидејќи двете се неразделни. Недостатокот од љубов, или љубов од повеќе, или малата пензија, ама и ковидот, па и осаменоста, каде солзите се засебна категорија и на никого не се потребни, се темите во моето творештво“, вели поетесата Тричковиќ.

    Љубителите на пишаниот збор синоќа имаа можност да бидат дел од еден колаж именуван како „Танц на дотраениот мост“ на  писателката Љиљана Тричковиќ, која ни го пренесе човековото распетие низ животот и случките во него на мошне емотивен и импресивен начин.

    Авторката Тричковиќ, ја има објавено и стихозбирката „Секогаш своја“, која освои втора награда на Дата Песнопој - Битола – Книжевни меридијани. Во 2020 година го издала нејзиниот прв роман „Не ми ја допирај верата“, а истата година и вториот роман „Прва замолив за љубов“. Во план е да направи сликовница со песнички за најмалите.

    Ивана Алексовска