×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиранa веб страната на кумановската болница

    16.02.2015 12:35 | KumanovoNews

    Во кумановската болница денеска беше промовиран сајтот на Општата болница Куманово, кој е изработен на македонски, албански и англиски јазик.

    Промовиранa веб страната на кумановската болница

    На веб страната bolnicakumanovo.mk граѓаните ќе можат да се поврзат со системот “Мој термин“, да се информираат за новостите, конкурсите, тендерите, да остават критика или пофалба и да добијат многу други информации.

    “Имаме чест на нашите ценети граѓани и пациенти да им ја претставиме веб страната на нашата болница. Тука имаме прикажано структура на нашата болница, нашите единици, “Мој термин“, опрема со која ќе располагаме. Со оваа веб страница мислам дека уште повеќе се доближивме до нашите сограѓани и мислам дека постапуваме согласно нашата примарна цел, сите здравствени услуги да ги пружаме овде, а не условно да трчаат пациентите во други градови за разни услуги“ - изјави директорот Ариф Латифи.

    Преку веб страната јавноста навремено ќе добива информации за работата на болницата.

    “Сите конкурси, известувања кои се поврзани со рокови ќе се презентираат на главната страна на болницата. Ќе бидат подредени според важност и според датум на истекување. Што поскоро се објавува веднаш добива приоритет за страницата“ - рече Шптим Латифи, задолжен за изработка на станицата.

    Bolnicakumanovo.mk редовно ќе се ажурира со вести и информации, ветија од болницата.