Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово лишиле од слобода тројца кумановци на возраст од 29, 42 и 24 години.
„При претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела“, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.