Пронајдени мигранти во Лојане, дел имале повреди по телото
12.02.2024 17:10
| KumanovoNews
Мигранти од Сирија вчера биле откриени во липковското село Лојане.

„Во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија било пријавено дека околу 10.00 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север пронашле 15 лица мигранти од Сирија, од кои дел имале повреди на телата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.