Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен за исчезнат пронајден е жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.
Од семејството потврдија дека В.Н. е пронајден и потрагата по него е запрена.
„Во моментот e во Полициската станица во Куманово, и се испитува мотивот за неговото исчезнување“, кажа мајката за Кумановоњуз.
„На 22. ноември во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41)“, информираше вчера СВР Куманово.
Семејството побара помош и од граѓаните во пронаоаѓање на исчезнатиот кумановец.