Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице е приведено затоа што во неговиот дом е пронајдена импровизирана работилница за оружје.
„Полициски службеници од СВР Куманово, денеска по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во домот и други простории на А.Ќ.(59) и притоа во импровизирана работилница и во домот се пронајдени: пиштол, два гасни пиштоли, три воздушни пушки, ловна пушка карабин кал. 8х57мм, ловна пушка кал. 16 мм, 180 патрони, 88 куршуми, карабин, цевка од воздушна пушка, кутија со делови од пушки и пиштоли“, соопшти МВР.
А.Ќ. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.