Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат раст на просечната нето плата од 13,6 проценти за октомври 2022 година во однос на истиот период минатата година. Исплатената просечна нето плата е 33.104 денари.
Најголем раст бележат платите во секторот уметност, забава и рекреација, со 19.6 % поголеми плати, објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 19.3 % и преработувачката индустрија 17.6 % зголемување. Очекувано, и енергетскиот сектор и вработените во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација добиле поголеми плати за 6,7%, а следуваат услужните дејности и дејности во врска со недвижен имот со зголемување од 3,9% и 3,2%.
Индексот на цените на мало е 10,6% во однос на претходниот месец-септември, а трошоците за живот пораснале за 19,8% во однос на истиот месец 2021 год.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2022 година, изнесува 49.585 денари.